ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Младост Богданци гостува во Автокоманда

После богатиот викенд, кој беше исполнет со многу натпревари, како во Македонија, така и во Европа, денес ракометните љубители ќе останат без добра понуда за гледање.

Вообичаено понеделникот е резервиран за одмор после напорниот викенд, па така на денешната ракометна програма има само седум дуели, од кои еден дуел е во нашата држава.

Во натпревар од 5. коло од прволигашкиот плеј-оф во Автокоманда ќе се сретнат екипите на Металург РА и Младост Богданци.

Екипата од Богданци за да остане во игра за евентуално третото место на табелата, кое што носи бараж за Супер лигата, ќе треба денес да оствари позитивен резултата против тимот на Металург РА.

Ракометарите на Металург РА играат топло-ладно во плеј-оф фазата и моментално се позиционирани на 6. позиција на табелата.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:30 СЛАТИНА – ЗАЛАУ (РОМАНИЈА)

18:00 КОЗАЛИН – РУХ ХОРЗОВ (ПОЛСКА)

19:00 НИКОБИНГ – ОДЕНСЕ (ДАНСКА)

19:00 НИШ – РАДНИЧКИ (СРБИЈА)

19:30 АРХУС – ВИБОРГ (ДАНСКА)

20:30 МЕТАЛУРГ РА – МЛАДОСТ (МАКЕДОНИЈА)