Денеска на терените: Металург на сцена, Тулуз е првата пречка

Меѓу натпреварите кои денеска ќе се одиграат во рамки на 1. коло од Лигата на Европа на терен ќе се најдат и ракометарите на Металург кои ќе се соочат со составот на Тулуз во Франција.

Денеска стартуваат средбите од ова натпреварување, а требаше да игра и Еурофарм Пелистер, но тој дуел е одложен поради многуте ракометари на Татабања позитивни на Ковид 19.

Оттаму за денеска има многу други натпревари кои ќе бидат одиграни од Лигата на Европа, па денот носи интересни пресметки. Секако најинтересната е онаа во Франција каде што се очекува од Металург да прикаже добра игра и да се бори со сите сили за добар старт на сезоната.

Доколку оди сè според планот тогаш ова може да биде интересен ден, а покрај средбите од европските купови денеска ќе има и еден на домашна сцена. Екипата на Гевгелија го пречекува Чаир во заостанат натпревар од 8. коло од Супер женската лига.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

16:00ч

ИЗЕВСК – ДИНАМО СИНАРА (Русија Супер лига, жени)

16:30ч

КАУСТИК – АКБУЗАТ (Русија Супер лига)

АСТРАХАНОЧКА – ЦСКА МОСКВА (Русија Супер лига, жени)

18:00ч

ШЧЕЦИН – ММТС КВИЖИН (Полска Супер лига)

ЛУЧ – КРАСНОДАР (Русија Супер лига, жени)

18:30ч

СКАНДЕРБОРГ – АЈАКС КОПЕНХАГЕН (Данска 1, жени)

18:45ч

ТУЛУЗ – МЕТАЛУРГ (Лига на Европа)

АЛИНГСАС – НЕКСЕ (Лига на Европа)

БЕШИКТАШ – МАГДЕБУРГ (Лига на Европа)

ДИНАМО БУКУРЕШТ – СПОРТИНГ (Лига на Европа)

КАДЕТЕН – Г0Г (Лига на Европа)

РАЈН НЕКАР – ТРИМО ТРЕБЊЕ (Лига на Европа)

19:00ч

ЕКС АН ПРОВАНС – ШАМБЕРИ (Франција 1)

ИФК ИШТАД – ХОВДЕ (Шведска 1)

20:00ч

ГЕВГЕЛИЈА – ЧАИР (Македонија, Супер женска лига0

20:30ч

СКАНДЕРБОРГ – СОНДЕРЈИСКЕ (Данска 1)

20:45ч

ФУКСЕ БЕРЛИН – КРИСТИЈАНШТАД (Лига на Европа)

ТАТРАН ПРЕШОВ – НИМ (Лига на Европа)

ВИСЛА ПЛОЦК – АОН ФИВЕРС (Лига на Европа)