ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија стартува на СП во Хрватска, прв ривал е Норвешка

Денес во Хрватска стартува Светското кадетско првенство, кое ќе се игра до 13 август. На кадетскиот Мундијал ќе настапи и репрезентација на Македонија.

32 репрезентации се поделени во осум групи, секоја група има по четири репрезентации, а по првата рунда, по две ќе се пласираат во главна рунда, додека останатите ќе разигруваат за пласман од 17 до 32 место.

Кадетите на Македонија се дел од групата Ф заедно со репрезентациите на Норвешка, Црна Гора и Грузија.

Избраниците на Раде Стојановиќ првиот дуел од групната фаза ќе го одиграат против скандинавската селекција.

Денешниот дуел меѓу Македонија и Норвешка ќе се одигра во салата „Замет“ во Риека со почеток од 17:30 часот.

Светското првенство за кадети во 2021 година не се одржа поради ковид пандемијата, додека во 2019 година домаќин беше токму Македонија.

На Светското првенство во Македонија златото го освои Египет, второ место беше Германија, додека бронзата заврши во рацете на Данска.

Распоред на денешните натпревари:

13:00 ПОРТУГАЛИЈА – РУАНДА

13:00 ГЕРМАНИЈА – САУДИСКА АРАБИЈА

13:30 ЕГИПЕТ – ЈАПОНИЈА

13:30 ДАНСКА – ЧИЛЕ

15:00 АРГЕНТИНА – САД

15:00 УНГАРИЈА – МАРОКО

15:30 ИСЛАНД – ЧЕШКА

15:30 АВСТРИЈА – МЕКСИКО

17:00 СЛОВЕНИЈА – НОВ ЗЕЛЕНАД

17:00 ШВЕДСКА – ИРАН

17:30 ШПАНИЈА – БРАЗИЛ

17:30 НОРВЕШКА – МАКЕДОНИЈА

19:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – БУРУНДИ

19:30 ЦРНА ГОРА – ГРУЗИЈА

19:30 ХРВАТСКА – АЛЖИР

19:30 ЈУЖНА КОРЕЈА – БАХРЕИН