Денеска на терените: Македонија стартува на ЕХФ шампионатот, БиХ е првиот тест

Репрезентативките на Македонија до 19 години денеска го имаат првиот испит на ЕХФ шампионатот кој почнува во салата во СЦ „Јане Сандански“. Првиот противник е селекцијата на БиХ, против која ќе бидат одмерени силите со почеток во 20:30 часот.

Денеска се играат четири дуели на овој шампионат така што ќе може на дело да се видат и противниците за следните дуели.

Покрај овие средби има и еден дуел на две репрезентации кои ќе настапат на Олимписките игри. Станува збор за Египет и Бразил.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

13:00ч

ИСЛАНД – БЕЛОРУСИЈА (ЕХФ шампионат за младинки)

14:45ч

ЕГИПЕТ – БРАЗИЛ (Пријателска средба)

15:30ч

ПОЛСКА – ФИНСКА (ЕХФ шампионат за младинки)

18:00ч

ХОЛАНДИЈА – КОСОВО (ЕХФ шампионат за младинки)

20:30ч

МАКЕДОНИЈА – БИХ (ЕХФ шампионат за младинки)