ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: За четири селекции последен ден на ЕП

За репрезентациите од групите А и Ц денеска е последен ден од првата фаза на Европското првенство. За четири од овие репрезентации ова ќе биде последен ден на шампионатот така што некои денеска го завршуваат учеството.

Јасно е дека само селекцијата на Хрватска го има обезбедено учеството во втората фаза, додека за другите денеска ќе падне одговор иако Шпанија и Германија се на чекор од пласман додека Белорусија и Црна Гора ќе решаваат во директен дуел.

Во секој случај ова ќе биде интересен ден и ќе има што да се види на терените, а ќе биде интересно и во Групата Е каде што Данска ќе мора да надоместува за загубеното во првото коло против Исланд и денеска против Унарија ќе се бори за место во вториот круг.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

16:00ч

АДЈИФ – АЛИСА УФА

17:00ч

РОСТОВ ДОН – ИЗЕВСК

18:15ч

ЦРНА ГОРА – БЕЛОРУСИЈА

ИСЛАНД – РУСИЈА

ЛЕТОНИЈА – ГЕРМАНИЈА

20:30ч

ДАНСКА – УНГАРИЈА

ХОЛАНДИЈА – ШПАНИЈА

СРБИЈА – ХРВАТСКА