ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Ден во кој нема избор, мора да ја победиме Австрија

Репрезентативците на Македонија денеска имаат важен натпревар на кој едноставно немаат можност за поправен туку на истиот можат само да го поправат она што не беше направено како што треба на дуелот против Чешка.

За ракометарите денеска нема избор и мораат од прва минута офанзивно. Имаат мисија во која мора да го одработат она што е потребно за да стигнат до вториот круг, а со победа од 2 или 3 гола сите коцки ќе се вклопат и ќе се пренесат и два бода понатаму.

Затоа денеска главниот дуел е Македонија-Австрија, а истиот се игра од 18:15 часот. Сосема јасно е каков е распоредот на силите и тука нема ништо изненадувачки. Македонија влага на овој дуел со максимален мотив да се дојде до победа и тука нема ништо спорно. Денеска нема друг избор освен победа.

Има уште натпревари, а кои се можете да видите во продолжение.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

12:00ч

КРЕТЕЈ – МЕТАЛУРГ (Пријателска средба)

16:30ч

СПАРТАК БУКУРЕШТ – БУЗАУ (Куп на Романија, жени)

18:15ч

МАКЕДОНИЈА – АВСТРИЈА (Европско првенство 2020)

БИХ – ФРАНЦИЈА (Европско првенство 2020)

ШВАЈЦАРИЈА – СЛОВЕНИЈА (Европско првенство 2020)

19:30ч

ТОНДЕР – СКЕРИНГ (Данска 2)

20:00ч

СКОВБАКЕН – АЈАКС КОПЕНХАГЕН (Данска 2)

20:30ч

ПОЛСКА – ШВЕДСКА (Европско првенство 2020)

ПОРТУГАЛИЈА – НОРВЕШКА (Европско првенство 2020)

УКРАИНА – ЧЕШКА (Европско првенство 2020)