Денеска на терените: Два дерби дуели по ред за почеток на денот

Откако во 2 часот стартуваа Олимписките игри со дуелот меѓу Норвешка и Бразил во продолжение од денот следуваат нови интересни средби.

Практично следуваат два дерби дуели еден по друг. Прво од 9:15 часот Германија игра против Шпанија, а потоа Парондо со момците од Египет ќе треба да оди на бодови против Португалија.

И на двете средби ќе биде доста возбудливо.

Светскиот првак Данска, пак, ќе отвори против домаќинот, а на овој дуел влегува како фаворит.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

09:15ч

ГЕРМАНИЈА – ШПАНИЈА

12:30ч

ПОРТУГАЛИЈА – ЕГИПЕТ

14:30ч

ДАНСКА – ЈАПОНИЈА