ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Големото дерби на Франција во Лига куп пресметка

Ракометарите на ПСЖ и Монпелје денеска ќе имаат нова пресметка, но овој пат тоа ќе се случи во рамки на Лига купот на Франција. Ракометарите на двете најсилни екипи во Франција ќе имаат битка со елиминација бидејќи за еден тим ќе заврши натпреварувањето.

ПСЖ е домаќин на овој дуел и влегува како фаворит на оваа пресметка така што ќе следи интересен двобој. Дефинитивно ќе биде возбудливо во текот на сите 60 минути, а нијанси ќе пресудат за патникот во следната рунда.

Денеска натпревари ќе има и за тројца македонски интернационалци во Германија. На терен ќе се најдат Филип Талески, Филип Кузманоски и Мартин Томовски. Денеска имаат првенствени пресметки.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

10:00ч

ЈАПОНИЈА – РУСИЈА (Светско првенство за жени)

СРБИЈА – ХОЛАНДИЈА (Светско првенство за жени)

12:30ч

НОРВЕШКА – АНГОЛА (Светско првенство за жени)

ШВЕДСКА – АРГЕНТИНА (Светско првенство за жени)

16:30ч

ЧСМ ФОЧАНИ – ДИНАМО БУКУРЕШТ (Романија 1)

17:00ч

КАЛАРАШ – РЕШИЦА (Романија 1)

ЧСМ ФАГАРАШ – БУЗАУ (Романија 1)

ВАСЛУИ – ПОТАИСА ТУРДА (Романија 1)

18:30ч

НОВЕ ВЕСЕЛИ – ХРАНИЦЕ (Куп на Чешка)

19:00ч

БАЛИНГЕН – БЕРГИШЕР (Германија, Бундес лига)

МАГДЕБУРГ – ФЛЕНЗБУРГ (Германија, Бундес лига)

МЕЛСУНГЕН – ЛУДВИГСХАФЕН (Германија, Бундес лига)

ИШТАД ИФ – АЛИНГСАС (Шведска 1)

20:45ч

ПСЖ – МОНПЕЛЈЕ (Лига куп на Франција)