Денеска на терените: Гигов и ПАОК имаат шанса да го вратат ударот

После поразот во неделата тимот на ПАОК денеска ќе има можност за реванш против АЕК во финалето од плеј-офот на нашиот јужен сосед.

Ова е натпревар на кој гостинскиот состав е фаворит, но на ПАОК е да се обиде да одигра далеку подобро и да се обиде да дојде до позитивен епилог.

За денеска се најавени и две пријателски средби меѓу националните тимови во женска конкуренција, а се очекуваат интересни двобои.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

15:30ч

ПАОК – АЕК (Грција, плеј-оф)

18:15ч

УНГАРИЈА – ЦРНА ГОРА (Пријателска средба, жени)

19:00ч

ФРАНЦИЈА – НОРВЕШКА (Пријателска средба, жени)