ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар ја пречекува Струга, Куманово во Прилеп ќе ја брка втората победа

На денешната програма на македонска сцена ќе се одиграат вкупно три натпревари, два од нив ќе бидат одиграни во Суперлигата. Екипата на Вардар на свој терен ќе ја пречека Струга, додека составот на Куманово ќе патува во Прилеп кај истоимената екипа и ќе се обиде да дојде до втората победа во оваа сезона.

Освен во Супер лигата ќе се игра и во прволигашкото друштво, а тимот на Македонија Ѓорче Петров силите ќе ги одмери со новиот дебитант, екипата на Бисинов од Велес. Ракометарите на Оливер Димитриоски со евентуална победа ќе го „фатат возот“ за борба за првата позиција на табелата во групата А, додека Бисинов по четири одиграни кола сѐ уште ги нема обезбедено првите бодови во дебитанската сезона.

Освен на македонска сцена ќе се игра и низ Европа, а активни ќе бидат и дел од македонските интернационалци. Македонската репрезентативка Сара Ристовска заедно со ЦСКА Москва ќе го одиграат дерби дуелот против Ростов Дон во рамки од шампионатот на Русија.

Настап ќе имаат и двајцата македонски интернационалци во Ваљадолид, Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски. Екипата на Ваљадолид во натпревар од 7. коло од Асобал лигата ќе му гостува на Бенидорм.

Низ Европа ќе се игра и во Франција, Словенија, Данска, Црна Гора, Франција, Исланд, Унгарија…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:00 ЧСМ БУКУРЕШТ – БУЗАУ (РОМАНИЈА)

16:30 ВАРДАР – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)

17:00 ГРАДЕЦ – СЛОВАН (СЛОВЕНИЈА)

17:30 ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – САМОТ (СРБИЈА)

18:00 КРКА – КОПЕР (СЛОВЕНИЈА)

18:00 ФЕХЕРВАР – МОШОНМАЃАОВАР (УНГАРИЈА)

18:00 БЕКЕШЧАБА – МТК БУДИМПЕШТА (УНГАРИЈА)

18:00 ДЕБРЕЦЕН – ЕРДИ (УНГАРИЈА)

18:30 КРЕМС – АЛПЛА (АВСТРИЈА)

19:00 ТИВАТ – ДАНИЛОВГРАД (ЦРНА ГОРА)

19:00 ЦСКА МОСКВА – РОСТОВ ДОН (РУСИЈА)

19:30 МАКЕДОНИЈА ЃП – БИСИНОВ (МАКЕДОНИЈА)

20:00 ПРИЛЕП – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)

20:00 МАРИБОР – ТРЕБЊЕ (СЛОВЕНИЈА)

20:00 БЕНИДОРМ – ВАЉАДОЛИД (АСОБАЛ ЛИГА)

20:00 ПСЖ – ЛИМОЖ (ФРАНЦИЈА)

20:00 СЕНТ РАФАЕЛ – СЕЛЕСТАТ (ФРАНЦИЈА)

20:00 ИВРИ – МОНПЕЛЈЕ (ФРАНЦИЈА)

20:00 НИЦА – ИСТРЕС (ФРАНЦИЈА)

20:00 ЕКС АН ПРОВАНС – ТУЛУЗ (ФРАНЦИЈА)

21:31 АДЕМАР ЛЕОН – ГРАЊОЛЕС (АСОБАЛ ЛИГА)