Дембеле за искуството како мајка: Не е лесно со близнаците, ритамот е навистина луд…

Репрезентативното лево крило на Франција Сираба Дембеле во интервју за ffhandball.fr говореше за тоа како раѓањето на близнаците и го промени животот, а исто така ги сподели и нејзините планови за слендата сезона.

„Кога продолжив со тенинзите не бев дома два пати по три часа дневно. Ритамот беше луд со децата. Сега се грижам за близнаците и веднаш штом имам слободен момент кога децата спијат или за нив се грижи сопругот тоа време го користам да вежбам. Деновите се многу напорни, децата одземаат многу време. Бев многу мотивирана добро да ја завршам сезоанта со Тулон и да одам на Олимпијадата. Во овој момент се подготвувам според програмата што ми ја даде тренерот на клубот“, рече Французинката.

Во однос на одложувањето на Олимписките игри, Дембеле има поделени мислења. Сепак е неизвесно како ќе се одвива нејзиното враќање на терените со оглед на нејзината возраст.

„Од една страна ова може да е добро во врска со моето закрепнување и враќање на терените. Веќе имам 34 години и не знам како ќе реагира телото. Сега е прашање дали можам да се врата во препознатливата форма или не сум во можност да го направам тоа. Кога имате бебе, а во мојот случај две тоа е огромна промена на вашето тело. Има убави примери на девојки кои се вратиле после нивната бременост, но има и такви што не успеаја“, коментираше Дембеле.

Сираба Дембеле која еден дел од кариерата помина во Вардар потпиша договор со ЧСМ Букурешт и од наредната сезона би требало да се пресели во Романија. Сепак кризата со коронавирусот направи проблеми и како што вели таа во ваква ситуација не може да се планира иднината.