Делчево ја совлда Риниа, во меч со 19 ракометари, 71 гол и два црвени картони

Ракометарите на Риниа-М и Делчево-Вардар одиграа ефикасен и невообичаен натпревар во плеј-аут конкуренцијата во Првата лига кој го доби гостинската екипа со 34:37.

На овој дуел во двете екипи играа вкупно 19 ракометари (Риниа десет, Делчево девет), но сепак се играше доста ефикасно и не недостасуваше борба на теренот. Покрај 71 гол натпреварот го одбележаа осум исклучувања и два директни црвени картони.

Делчево го имаше почетното водство, но Риниа постојано беше на гол негатива, многу наскоро домаќините израмнија и го преземаа водството. Ниту една екипа не усепа да направи поголема предност и на одмор заминаа со нерешен резултат 17:17. Во финишот на полувремето, Драгановски од Делчево доби директен црвен картон

Ефикасната игра продолжи и во вториот дел, а во таквиот развој на натпреварот подобро се снајдоа гостите од Делчево. Од резултат 20:20, Делчево направи серија од 4:0 што беше клучна за победата. До крајот не го испуштија водството и забележаа победа. На три минути до крајот Емини од Риниа доби црвен картон и не можеше да помогне на неговата екипа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Мирче Ѓорѓиев со 14 погодоци, шест постигна Зоки Манов, а пет Илчо Ѓоргиевски. Во тимот на Риниа, Орхан Емини беше прв стрелец со 11 гола, девет постигна Исмаили додека Стојчевски погоди седум пати.