Делчево Вардар го совлада Борец и се израмни со бодови

Ракометарите на Делчево Вардар се изборија за нова победа со која се израмнија со бодови со Борец, тим кој го совладаа на свој терен со 35:33.

Гостите од Велес беа подобрите на теренот во првиот дел од средбата. Имаа водство и контрола, но не успеаја тоа водство да го зачуваат во текот на целиот натпревар.

Првото полувреме велешани го финишираа со гол предност и имаа 16:15 на полувреме, а потоа составот на Делчево Вардар успеа да направи пресврт. Менувањето на тимот кој е во водство почна во финишот од средбата кога домашните наметнаа свое темпо и успеаја да се изборат за победа од 35:33.

Со новите три бода Делчево Вардар успеа да стигне до нови поени со кои се израмни со тимот на Борец на 3. позиција.

ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – БОРЕЦ        35:33 (15:16)

Сала: „М. М. Брицо“ во Делчево. Судии: Драги Јовановски од Штип и Иван Јованов од Радовиш. Делегат: Живко Андонов од Радовиш.

ДЕЛЧЕВО ВАРДАР: Лазаревски, Ѓорѓиев 14, Драгановски 1, коларски 3, шонтевски, Столовски 5, Ѓоргиевски 8, Ѓеоргиевски 1, Дамјанов 1, Манов 2

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 12 мин.

БОРЕЦ: Таневски, Велковски, Митревски, Димов 1, мазнев 1, Дамески 2, Ристевски, Миленков 7, Андовски 9, Кузмановски, Гугугалиев, Атанасовски 6, Сиљанов, Мачевалов 1, Табаков 6

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 14 мин.