Дебакли за Ференцварош и Будуќност во Скандинавија, сигурен триумф на Ѓер

Финалистот од минатата сезона во Лигата на шампионите, унгарскиот Ференцварош, во реприза од финалето на Ф4, загуби кај европскиот првак Кристијансанд со убедливи 37-26.

Дебакл претрпе и Будуќност, кај данскиот Оденсе, а тимот на Бојана Поповиќ веројатно го чека уште една сезона за заборав во ЛШ.

Романскиот Рапид Букурешт и по промената на тренерот мораше да се мачи за да обезбеди победа против полскиот аутсајдер Заглебје.

Ѓер забележа сигурен триумф дома против унгарскиот ривал Дебрецин, а францускиот Брест без Ива Младеновска во составот одработи рутински кај шведскиот Савехоф.

Лига на шампиони, жени, резултати, 2 коло:

група А
Ѓер – Дебрецин 35-23
Оденсе – Будуќност 39-24
Савехоф – Брест Бретањ 20-25
Битигхајм – ЧСМ Букурешт, недела, 14:00 часот

група Б
Кристијансанд – Ференцварош 37-26
Рапид Букурешт – Заглебје 26-25
Крим – Оденсе, недела, 14:00 часот
Мец – Икаст, недела, 16:00 часот