Двобој со 17 седмерци и 15 исклучувања – Драчево не дозволи изненадување против Вардар Неготино

Ракометарите на Драчево покажаа дека се еден од најсериозните кандидати за првото место во прволигашкиот плеј-оф, откако на домашен терен го совлада засилениот Вардар Неготино со 37-32.

Гостите од Неготино отворија со предност од 0-2 и 2-5, но избраниците на Велимир Настески полека ја топеа негативата и веќе уште по првиот солидна залиха од плус шест голови, 16-10.

Таа разлика се покажа недостижна за гостите, кои иако заиграа малку подобро во нападот, сепак дозволија Драчево да постигнува лесни и брзи погодоци и да казнува сите грешки.

Беше и десет разлика за Драчево, но неготинци на крајот го направија поднослив поразот со пет погодоци, 37-32. Интересен факт е што на овој натпревар имаше дури 17 седмерци од кои беа реализирани 15, како и 15 исклучувања.

Најдобри стрелци кај победникот беа Александар Димовски со 11 и Филип Дабевски со девет погодоци, додека кај Вардар Неготино се истакнаа Ѓорѓи Ташев со девет и Драган Кузманов со осум голови.