Две легенди на едно место: Лазаров и Иџе на кафе средба во Нант (ФОТО)

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров со неговиот клуб Нант вчера играше дерби натпревар против ПСЖ на кој постигна два гола во ремито 28-28.

Во Нант се наоѓа уште еден македонски спортист, а станува збор за автомобилистот Игор Стефановски Иџе.

Иџе беше на тестови за Наскар Еуро, па двајцата великани на македонскиот спорт одвоија време за кафе муабет и дружба во Нант.