Два црвени картони и трилер крај: Шампион со цел плен се враќа од Куманово

Тимот на Шампион славеше на гостински терен кај Куманово со 23-25 во натпревар од 5. коло во прволигашкиот плеј-оф.

Влатко Тасевски даде четири гола по ред за кумановци за 4-0, па гостинскиот стратег Чивлачки мораше уште по пет минути да бара тајм-аут. Беше потоа и 5-1, но неговите избраници не само што успеаја да израмнат, туку и поведоа со 10-11 пред паузата.

Кон средината на вториот дел Шампион се одлепи на плус седум, 17-24 и се чинеше дека работата е готова. Најпрво Мишовски доби црвен картон, а неговите колеги десетина минути не постигнаа гол.

Кумановци го почнаа својот камбек во натпревар и го направија финишот неизвесен. Во меѓувреме и Спасиќ од домашниот тим се пресели на трибини по црвениот картон, а неговите соиграчи намалија на 23-24, имаа напад и за нерешено, но не го реализираа.

Бојан Марковски го даде голот што на крајот за Шампион ќе се покаже победнички на минута до крајот, а во следните напади немаше реализација, па трите бода ги однесоа гостите.

Најдобри стрелеци кај Шампион беа Дрпљанин со осум и Кочаров со седум гола, додека кај Куманово се истакна Влатко Тасевски со девет гола.