Два од два и против Црна Гора – Македонските кадети во победничка атмосфера го чекаат ЕХФ шампионатот

Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше и на четвртиот пријателски натпревар во серија.

Избраниците на Кире Лазаров ја совладаа селекцијата на Црна Гора со 31-29, откако и на полувремето водеа со 17-13. За разлика од првиот меч, сега гостите пружија посилен отпор.

Нашите ракометари губеа во финишот со 26-28, а серијата од четири гола за 30-28 преку Митев и Ѓорговски се покажа како клучна. Црна Гора намали на 30-29, но Марко Стојковиќ на две минути до крајот го даде погодокот за 31-29 и триумф над Македонија.

Најдобри стрелци во макдонскиот состав беа Митев со седум и Илиески со пет гола, а четири даде Ѓорговски. По три пати стрелаа Ташев и Митревски.

Македонските кадети претходно остварија уште три победи – една над Црна Гора и две над Италија.

Македонија ќе игра на ЕХФ шампионатот во Скопје, во групата ќе ги има за ривали јужниот сосед и Полска, а потоа ќе одигра уште два меча за пласман. Ако го освои овој турнир, кадетската селекција ќе обезбеди учество и за кадетите и за младинците на ЕП во 2022 година.