Два од два за Македонија, уште еден триумф против Италија

Репрезентацијата на Македонија во кадетска конкуренција стигна до втора победа на контролните средби против Италија откако и денеска се избори за триумф овој пат со 30:29.

Разликата во квалитетот беше видена и денеска, а Македонија беше во постојана предност. Имаше водство и игра со која го контролираше резултатот.

Подобрата игра донесе убава предност со која се влезе и во финишот, а на седум минути пред крајот од натпреварот резултатот беше 29:24. Овие плус пет дадоа мирна завршница така што на крајот требаше само да се потврди втората победа. Малата опуштеност придонесе противникот да намали на еден гол и да дојде до нов триумф.

Резултатот од 30:29 овозможи Македонија да има уште една победничка контрола и сега останува уште да се доработи задачата и против Црна Гора за да се влезе успешно во финишот од подготовките и да се дочека на максимум ЕХФ шампионатот.

Вчера на првата контрола кадетите славеа со 29:21.

МАКЕДОНИЈА  – ИТАЛИЈА         30:29 (16:17)

Сала: „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Македонија.

МАКЕДОНИЈА: Галевски (4 одб.), Јовановски (2 одб.), Ташев 3, Тодевски, Митев 1, Ивановски, Омерагиќ, Митревски 1, Димоски 2, Стојчевиќ, Ѓорговски 5, Пет. Атанасијевиќ 3, Манчевски 2, Стојковиќ 5, Илиевски, Саврески 4, Пав. Атанасијевиќ 1, Мишевски 3

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 12 мин.

ИТАЛИЈА: Рива (9 одб.), С. Копола (6 одб.), Мулогер, Занон 1. Хроватин 7, Касеро, Фаданели 5, Визентин 1, Гаи 2, Арена 5, Боротели 4,  А. Копола 3, Тези, Сондаки 1, Алдини

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.

Кадетите со висок триумф над Италија во првиот пријателски натпревар