Jure Erzen / kolektiff

Двајца Македонци дел од роденденската прослава на Веспрем

Унгарскиот гигант Веспрем овој викенд со атрактивен турнир ќе прослави 45 години од своето постоење.

Дел од прославата ќе биде најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои ќе им судат на Веспрем, Кил, Келце и Фленсбург.

Прославата ќе трае од 26 до 28 август, натпреварите ќе се играат утре и задутре во вечерните термини.

Покрај македонската двојка, на турнирот ќе судат уште и чешките арбитри Хорачек и Новотни.