Двајца Македонци во ТОП 10 стрелци во квалификациите за ЕП (ФОТО)

Со вчерашните натпревари завршија квалификациите за пласман на Европското првенство и веќе се познати сите учесници на следниот континентален собир.

По одиграни шест меча во групата 7, Македонија со пет победи и еден пораз, обезбеди ново учество на ЕП, шесто по ред, а вкупно седмо во историјата.

Меѓу ТОП 10 стрелците, се најдоа двајцата македонски репрезентативци. Легендарниот десен бек и селектор Кире Лазаров е на место број 8 со 32 погодоци, додека Филип Кузмановски ја дели 9 позиција со Шилер од Германија. Тие имаат постигнато по 31 погодок.

Убедливо прв стрелец е Енди Шмид од Швајцарија со 55 гола, втор е холандскиот репрезентативец Каи Смитс со 48, додека 40 постигна Финецот Макс Гранлунд.