Двајца екс ракометари на Кил се селат во Јапонија

Десниот бек на репрезентацијата на Естонија, Денер Јанима за новата сезона одбра егзотична дестинација. Искусниот ракометар ќе настапува во јапонскиот шампионат и ќе го носи дресот на клубот, Даидо Феникс.

Естонецот наскоро треба да пристигне во Јапонија и своето големо искуство да го пренесе на неговите нови колеги од јапонскиот клуб.

Во својата кариера, Јанима настапуваше за неколку познати клубови како Кил, Хамбург и Мелсунген од Германија. Последните две сезони ги одигра во Мотор Запорожје и ЦСКА Москва.

За репрезентацијата на Естонија настапува од 2007 година, има одиграно 70 официјални натпревари според статистиката на ЕХФ и постигнато 176 гола во сениорскиот дрес.

Во истиот клуб ќе настапува уште еден поранешен ракометар на Кил. Станува збор за босанецот со француски пасош, Игор Аниќ, кој во својата кариера играше и за екипите на Целје, Нант, Монпелје и Гумерзбах.

Од 2019 година, Аниќ го носеше дресот на Сенсон Рен и беше еден од главните играчи во француската екипа.