„Дајте ни челинџ и нас, на тренерите – не само на судиите“

Селекторот на репрезетнацијата на Белорусија, Јуриј Шевцов сè уште не може да се помири со резултатот од последниот натпревар на Европското првенство против домаќинот Австрија.

Шевцов има интересна идеја со која би можеле и тренерите да побараат од судиите да погледнат снимка во некоја спорна ситуација, па предложи да се воведе такво правило.

„Пред една година на Светското првенство во 2019 година се случи фатална грешка на мечот помеѓу Германија и Хрватска, а судиите Гјединг и Хансен потоа рекоа дека никогаш не би ја направиле да имаат право на челинџ. Судиите денеска имааш можност на челинџ, а сакам да сугерирам дека треба и на нас да ни дадат таква шанса. Направете така да можам на швајцарскиот судија да му кажам да ја погледне снимката што не го направи тоа кога Ваилупау доби удар во главата. Зошто ова правило не се воведе и така да ги заштитите и тренерите, не само судиите? Одземете ни еден тајм-аут дајте ни челинџ“, коментираше Шевцов.

Со нерешениот исход Белорусија заврши на 11. позиција, а според селекторот главни виновници за ваквиот резултат се судиите од Швајцарија кои имаа неколку спорни одлуки во последните минути од натпреварот.