Дарио Петровски единствен Македонец меѓу 16 најдобри во Европскиот Куп

По одигрувањето на дуелите од третата рунда, утре ќе се одржи ждрепката за осминафиналето во Европскиот Куп кај мажите.

Македонија нема да има тим, но има еден претставник во името на Дарио Петровски, кој со италијанскиот Јуниор Фасано успеа да се пласира меѓу 16 најдобри екипи во ова натпреварување.

Фасано двете средби со холандскиот тим Лионс ги играше дома, на една победи со 35-25, на другата загуби со 35-27, но поммина понатаму. Петровски на двата натпревари даде два гола.

Во третата рунда испадна чешкиот Плзен, каде што игра Македонецот Никола Костески. Десното крило беше најдобар играч со 16 гола во чешкиот тим кој два пати загуби од израелскиот Рамат Хашарон.

Меѓу патниците во осминафиналето се словенечките Рибница и Горење, потоа шведскиот Алингсас, норвешкиот бранител на трофејот – Нербо, српскиот Динамо Панчево…додека последното место останува празно додека не се реши победникот од двобојот меѓу австрискиот Кремс и Војводина на зелена маса.