Данците ќе стигнат во Скопје три часа пред натпреварот, си одат веднаш по него!

Светскиот шампион Данска ќe биде на македонско тло само седум часа. Ракометарите и стручниот штаб тргнуваат од Алборг со чартер лет во 13:45, а би требало да слетаат на скопскиот аеродром во 16:25 часот.

По краткиот одмор, Данците ќе се упатат кон СЦ „Борис Трајковски“, каде што ќе се оидгра натпреварот против Македонија со почеток во 20:00 часот.

Нема многу време да минат светските прваци на македонско тло и во 23:45 часот заминуваат назад кон татковината, каде што би требало да пристигнат во 02:25 часот по полноќ.

Македонија и Данска ќе одиграат и втор натпревар во квалификациите за ЕП, во „Гигантиум Арена“ во Алборг, на 14 март од 16:00 часот.