Данците со дрва и камења по ИХФ – ужасни хотели и храна, допинг контрола среде славје…

Данска славеше против Франција во финалето на Мундијалот во Полска и Шведска и ја освои третата круна по ред на Светските првенства.

Дефанзивецот Хенрик Мелгард имаше што да каже за организацијата по завршувањето на финалето и за условите во кои беше организирано СП.

ИХФ направи и допинг контрола веднаш по финалниот натпревар, но Мелгард смета дека тоа не беше погоден момент.

„Нè сместија во лоши хотели и храната беше ужасна. После финалето нè тестираа нас петмина, не можам да разберам дека тоа не се случи за време на турнирот, туку по финалето кога сите требаше да прославиме. Можевме ова да го решиме во претходните денови, на пример во саботата кога имавме повеќе време. Мораа баш токму по финалето да се организираат без најава, да ни го расипат славјето“, изјави Мелгард за ТВ2.

Данците станаа светски прваци во 2019, 2021 и 2023 година, а ќе имаат шанса за продолжување на низата на СП 2025 на кое се домаќини со Норвешка и Хрватска.