Данците добиваат засилување – Грин доаѓа во Унгарија

Голманот на Данска, Јаник Грин, денеска доаѓа во Унгарија и ќе се приклучи на националниот тим во Дебрецин.

Грин имаше позитивен тест на стартот на подготовките, но веќе доби еден негативен и го очекува уште еден по пристигнувањето.

Иако Никлас Ландин и Кевин Мелер се сосема доволни за Данска, сепак Николај Јакобсен сака да го има на располагање и Грин, кој брани одлично во Бундес лигата.

Данска славеше убедливо над Црна Гора во првото коло од Европското првенство, утре ќе се соочи со Словенија, додека на 17 јануари е пресметката со Македонија.