Данците сменија еден од градовите домаќини на СП 2023

Данската федерација објави дека нов град домаќин на претстојното Светско првенство во женска конкуренција ќе биде Фредерикшавн. Покрај Хернинг, Колдинг требаше да вториот град домаќин во Данска, но федерацијата направи промена.

„Норд Арена“, која беше изградена за потребите на СП во 2005 година, одново ќе биде домаќин на дел од најдобрите светски женски репрезентации.

Во Фредерикшавн ќе се играат натпревари од првата и од главната рунда на Мундијалот, на кој освен Данска, домаќини се и Шведска (Малме, Гетеборг) и Норвешка (Осло, Трондхајм)

Светското првенство ќе се игра од 29 ноември до 17 декември, а продажбата на билети ќе започне на 1 март.

Женската селекција на Македонија има добра шанса да обезбеди учество на Македонија, но ќе треба да го мине баражот против репрезентацијата на Украина што се игра во април.