Данците бесни: Ние правиме ковид тестови, а во хотелот се прават забави и прослави со многу луѓе

Актуелниот светски првак, репрезентацијата на Данска, која на Светското првенство во Полска и Шведска ќе се обиде да ја одбрани титулата, утре ќе го одигра првиот натпревар од групната фаза.

Данците за ривал ја имаат селекцијата на Хрватска, а со победа против „коцкестите“, избраниците на Николај Јакобсен веќе со една нога ќе бидат во четвртфиналето на Мундијалот.

Сепак, пред дуелот со Хрватска, репрезентативците на Данска стравуваат дека на задолжителните ПЦР тестови може да бидат позитивни, бидејќи во хотелот, во кој што престојуваат, се организирале забави и конференции.

Како што пренесуваат данските медиуми, ракометарите на Јакобсен се пожалиле и биле бесни на организаторот поради условите во хотелот, во кој немало никаква заштита за Ковид 19.

Данска во главната фаза освен со Хрватска ќе игра и со репрезентациите на САД и Египет.