Данска репрезентативка ќе остане без настап на ЕП во Македонија

Репрезентативката на Данска и членка на Ѓер, Лине Хаугстед најверојатно нема да може на настапи на Европското првенство во ноември, на кое Македонија заедно со Словенија и Црна Гора ќе бидат домаќините на континенталниот собир.

Искусната ракометарка, која во мај заработи повреда на рамото, сѐ уште се опоравува и според пишувањата на данските медиуми, новата ракометарка на Ѓер ќе го пропушти континенталниот собир во ноември.

Данска на Европското првенство ќе игра во групата Б заедно со репрезентациите на Шведска, Словенија и Србија. Најдобрите три репрезентации ќе обезбедат пласман во главната фаза на ЕП.

Данската селекција пред стартот на Европското првенство ќе учествува во Златната лига каде силите ќе ги одмери со Норвешка, Холандија и Швајцарија.