Данска легенда почнува тренерска кариера

Поранешниот репрезентативец на Данска, кој со екипата на Фленсбург ја освои Лигата на шампионите во сезона, 2013/14, левото крило, Андерс Егерт, ќе остане во ракометот, но во поинаква улога.

Данската легенда ќе биде помошен тренер во екипата на Колдинг, која преку својата клупска страна ја потврди соработката со легендарниот ракометар.

Егерт минатата сезона на 39 години стави крај на својата играчка кариера, а негов последен клуб беше Скјерн. Во екипата на Фленсбург мина десет сезони, додека во својата кариера го носеше дресот и на Силкеборг и Брабранд.

Со репрезентацијата на Данска има сребрен медал од Мундијалот во 2011 и 2013 година и од Европското првенство од 2014. Најголемиот успех на репрезентативно ниво го оствари на Европското првенство во Србија (2012) кога со неговите колеги го освоија континенталниот собир.

Поради годините, но и приватните обврски реши да се повлече од данската репрезентација во 2017 година. Екипата на Колдинг избори опстанок во најквалитетното натпреварување во Данска, заврши на 12 место во конкуренција од 15 екипи.