Данската ветеранка на 38 години става крај на кариерата

Данската ракометна ветеранка Ан-Грете Нергард објави дека заминува во пензија на крајот на оваа сезона.

38-годишната ракометарка ќе се пензионира како играч на Силкеборг каде што пристигна минатото лето од норвешкиот Сторхамар. Во оваа сезона Нерегард е втора на листата стрелци во данскиот шампионат со 128 голови.

Во кариерата стана позната со настапите за Виборг, Рандерс, Хорсенс, Холстербо и романската Вулча. Во 2006 година со екипата на Рандерс ја освои Лигата на шампионите. За данската репрезентација Нергард одигра 139 натпревари и постигна 549 голови. На Европското првенство во 2013 година во Србија ја освои бронзата.

„Многу ми е мило што го избрав Силкеборг пред почетокот на сезоната. Ми се потврдија сите добри работи кои ги слушав за клубот. На спортски план сум среќна што се уште играм на високо ниво. Се радувам на добар крај на сезоната после што ќе ставам крај на кариерата“, изјави Нергард за клупската страница на Силкеборг.