Данило Брестовац има нов ангажман – ќе биде тренер во Саудиска Арабија

Поранешниот селектор на машката репрезентација Данило Брестовац, има нов тренерски ангажман.

Тој ќе биде тренер во тимот Ал Мудар, кој настапува во шампионатот на Саудиска Арабија.

Брестовац претходно ги водеше Металург и Ред Бојс Дифердаж од Луксембург, а беше асистент тренер во францускиот Шамбери.

Беше селектор на сите машки репрезентации на Македонија, а последното големо натпреварување му беше сениорското СП во Египет.