Даниел Андоновски се врати дома – потпиша договор со Охрид

Раководството на Охрид продолжува со формирање на ростерот за следната натпреварувачка сезона.

Најново име на листата засилувања е бекот Даниел Андоновски, кој по три сезони се враќа во матичниот клуб.

Тој потпиша договор на две сезони со Охрид и ќе се обиде да му помогне на клубот во остварувањето на големите амбиции.

Андоновски во меѓувреме беше член на Вардар Јуниор и Прилеп, каде што пружи одлични партии на сите бековски позиции.

Претходно Охрид ги промовираше Тоше Ончев и тренерот Горан Андоновски, а договорите беа продолжени со Крсте Андоновски, Наум Костов, Иван Тасески и Кристијан Димитриески.