Даниел Андоновски продолжува со Прилеп

Екипата на Прилеп и во следната сезона ќе смета на Даниел Андоновски, кој имаше опција во новиот шампионат да го носи дресот на екипата на Босна Високо.

Овој трансфер нема да биде реализиран така што тој ќе ја продолжи соработката со тимот на Прилеп. Со тоа ростерот ќе биде уште посилен, а тренерот Горан Кузманоски добива на уште поголем избор и за нападот и за одбраната.

Андоновски минатата сезона се снајде одлично во редовите на прилепчани така што со него тие сигурно ќе бидат далеку поквалитетни и сигурно многу посилен ривал за другите состави од Супер лигата.

После обезбедениот опстанок во минатата сезона, сега составот на Прилеп ќе може да се обиде да дојде до позитивен биланс и во есенскиот дел од сезоната во кој се игра за место во плеј-офот.