Даев и Миланов го вратија Шампион на лидерското место

Ракометарите на Шампион беа убедливи против Металург РА и славеа со 30:22 во натпревар од плеј-офот од Првата лига. Триумфот над Металург РА ги врати ракометарите на Шампион на првото место во прволигашката плеј-оф група.

Првото полувреме помина во знакот на гостинската екипа. Шампион го стартуваше натпреварот со водство од 3:0 и нивната добра игра продолжи до крајот на првото полувреме. Ракометарите на Металург РА преку Фидановски во 10. минута намалија на 4:6 и во продолжението од првиот дел се обидуваа да фатат резултатски приклучок. Сепак, Шампион на полувреме замина со предност од 9:13.

Металург РА се врати на само еден гол негатива во второто полувреме, 13:14. Тоа беше нивниот последен отпор и обид да го загрозат водството на противникот бидејќи Шампион од 40. минута константно беше во водство од три до четири гола разлика. Избраниците на Владимир Глигоров имаа уште неколку шанси кои не беа искористени поради одличниот противнички голман, Даниел Ацев.

Најефикасни во составот на Шампион беа Давид Даев со осум и Марио Миланов со шест гола. Во домашната екипа од Автокоманда, Филип Фидановски беше најефикасен со девет гола.