Давид Даев и Златко Даскаловски продолжуваат со Голден Арт

Еден од помладите суперлигаши, тимот на Голден Арт го задржа речиси целиот костур на екипата со која го освои 9. место во Супер лигата. Од актуелниот состав нови договори со тимот потпишаа пивотменот Давид Даев и голманот Златко Даскаловски.

Целта на тимот е влез во плејофот, откако сезонава во пролетниот дел покажа стабилност и доволно искуство сега да се обидат сериозно да се вмешаат и во борбата за повисок пламан.

Пивотменот Даев беше избран и за МВП на 4. коло од пролетниот дел на сезоната потврдувајќи го квалиттеот што го поседува. Борбен и самопрегорен, многупати беше клучен во натпреварите. Продолжува со матичниот тим со кој очекува и подбрире зулттаи.

Претходно тимот го донесе првото звучно име, средниот бек Тоше Ончев, а од ланскиот состав остаа повеќемина клучни играчи. Десното крило Мице Шилегов, левото крило Есад Дрпљанин и двајцата ракометари на бековските позиции, лев и среден бек, Христијан Милошески и Марио Миланов, најмалку уште една сезона ќе го носат дресот на Голден Арт.

Даскаловски веќе се подготвува и за тренерски води, па лани напоредно со бранење помагаше со совети и тренинзи во помладите категории на оние што се наоѓаат меѓу стативите. И сезонава ќе има слична улога, иако повеќе треба да се посвети на советодавната функција. Се ќе зависи од опоравувањето на неговиот колега Петар Виларов кој заработи повреда пред самиот крај на првенството.

Дасакаловски со своето искуство на многу мечеви беше лидер на тимот, давајќи и ја потребната сила и мотив на одбраната да издржи и кога изгледаше дека ќе биде тешко да се победи ривалот.

Утре клубот ќе ги добие и ривалите во групата од првенството бидејќи е закажана ждрепката за новата сезона што треба да почне во првата недела од септември.