Дабевски даде 11 гола, Драчево како брз воз низ Куманово

По триумфот над Аеродром, ракометарите на Драчево забележаа втора победа по ред во прволигашкиот плеј-оф. Избраниците на Велимир Настески славеа на гостувањето во Куманово со убедливи 27-34, а победникот беше најавен уште по првото полувреме, кога бее 10-19.

По десетина минути беше 5-5, но тогаш следуваше огромен пад во играта на кумановци, а тоа гостите знаеја како да го казнат. Постигнаа дури девет гола по ред за 5-14. Кумановци возвратија и се доближија на 10-15, но повторно нов пад и Драчево се одлепи на безбедни плус девет, 10-19.

Во второто полувреме немаше дилеми како ќе се одвива натпреварот и гостите само рутински ја довршија задачата за конечни 27-34.

Најдобар стрелец во победничкиот состав беше Филип Дабевски со 11 погодоци, додека Александар Димовски даде осум. Кај Куманово, Андреј Миладиновски беше најдобар со шест гола.

Драчево сега се вмеша во борбата за врвот на табелата. Шампион е прв со 17 бода, Скопје е втор со 16, а драчевци се трети со 14 бодови.