Дабевски го сруши Шампион – Драчево останува во игра за Суперлига

Ракометарите на Драчево издвојуваа важна победа против Шампион со 32:28 во рамките од плеј-оф фазата во Првата лига. Со денешната победа, Драчево останува во игра за врвот на табелата.

Воведниот дел донесе израмнета игра и борба за секоја топка. Во 7. минута, Драчево имаше водство од еден гол, 2:3, но домаќините со голот на Стојановски израмнија на 3:3. Гостите одржуваа солидна предност во првата половина од првиот дел.

Во 13. минута, Драчево ги имаше и највисоките плус четири, 5:9. Ракометарите на Слободан Чивлачки конечно имаа свои моменти и го намалија водството на противникот на само еден разлика, 8:9. Стојановски беше носителот на играта на својот тим и со неговите два гола во низа, Шампион израмни на 10:10 на пет минути до крајот на првото полувреме.

Неколку секунди подоцна, Миланов направи целосен пресврт и му донесе предност на Шампион од 11:10. Домаќините на полувреме заминаа со предност од 13:10.

На стартот на вториот дел Драчево ја презема контролата и по подолго време имаше водство од два разлика, 17:19. Ракометарите на Шампион немаа сили да се изборат за камбек во мечот, па гостите искусно ја сочуваа предноста за триумф.

Најефикасни во редовите на Драчево беа Филип Дабевски со 12 и Марио Атанасовски со девет гола. Во поразениот табор, Никита Стојановски беше најефикасен со шест гола.