Дабевска со одлична партија, Дунајварош славеше над Бекешчаба

Македонската репрезентативка, Сања Дабевска, одигра одличен натпревар во унгарското првенство.

Дунајварош на свој терен беше убедлив против Бекешчаба со високи 41:28. На полувреме резултатот беше 23:14 за домашната екипа.

Одлична партија на терен имаше репрезентативката на Македонија, Сања Дабевска. Македонката постигна 4 погодоци и одигра одлично и во одбраната.

Со убедливата победа екипата на Дунајварош ја избегна опасната зона на табелата. Тимот на Дабевска моментално е на 11. место на табелата со биланс од четири победи и десет порази.