Дабас му посака добредојде на Златко Хорват

Ракометарот кој минатиот петок се збогуваше со своите колеги од Металург, Златко Хорват денеска беше претставен во неговиот нов клуб, Дабас каде што ќе ја продолжи кариерата после Европското првенство. Како што 24Ракомет прв објави пред неколку дена, денеска само доаѓа потврда за неговата преселба во Унгарија.

Хорват се раздели со клубот од Автокоманда со што Металург остана без искусниот ракометар од Хрватска кој во својата кариера има играно само за два клуба. Тој беше дел од Загреб каде игрше 26 години, а година и пол помина во Металург.

Во Дабас доаѓа како големо засилување бидејќи Балинт Фекете е повреден. Хорват ќе биде одлична подршка за тимот кој не можеше никако да најде ракометар што ќе одговори на потребите за позицијата десно крило.

„За време на паузата го засиливме тимот со нов ракометар. Не можевме да најдеме засилување од Унгарија, па затоа побаравме во странство. Во зимскиот трансфер период тешко е да се најдат квалитетни ракометари, но на наше задоволство можеме да објавиме дека го ангажиравме Хорват, кој со своето искуство ќе биде голема помош за играчите на нашиот млад тим“, стои во соопштението од Дабас.

Во својата кариера има 17 трофеи во првенството на Хрватска и во Купот на Хрватска, а има трофеј од СЕХА лигата од 2013 година.