Гурбиндо и Вардар се разделуваат –  Шпанецот пред потпис со Динамо

Репрезентативецот на Шпанија кој дојде од Нант за да го засили Вардар, Едуардо Гурбиндо, е сè поблизу до заминување од таборот на „црвено-црните“ и до преселба во Романија. Шпанците медиуми објавуваат информации дека тој веќе се договорил со раководството на „црвено-црните“ и дека прашање е на денови кога ќе го стави потписот на договорот со Динамо Букурешт.

Ова не е некоја нова вест кога е во прашање Гурбиндо и неговото заминување бидејќи и претходно беше познато дека тој планира  да го напушти Вардар многу брзо после пристигнувањето. Динамо Букурешт е заинтересиран за да го ангажира, но проблем беше договорот со Вардар.

Доколку ова што го пренесуваат медиумите од Шпанија е вистина тогаш тој деновиве ќе потпише за Динамо Букурешт. Со ова тој ќе биде вториот ракометар кој од Вардар се преселил во тимот од Букурешт бидејќи после завршување на минатата сезона во Динамо замина Германецот Кристијан Дисингер.

Со оглед на тоа што Вардар веќе најде замена за Гурбиндо бидејќи брзо беше договорен Кевин Њокас кој потпиша минатата недела заедно со својот брат близнак Оливие, веста дека Гурбиндо и Вардар се имаат договорено за раскин и не е изненадување. Сепак, останува да се почека ова што е најавено и да се реализира.

Инаку, Гурбиндо е желба на новиот тренер на Динамо Букурешт, Чави Пасквал кој веќе покажа дека гради сериозен тим од клубот во Романија. Победата на стартот од сезоната во Лигата на шампионите против Келце од 32:29 е најдобар доказ за тоа така што со Гурбиндо ќе имат уште поопасен напад.