Гугуљанова броеше до 13, Металург рутински против Овче Поле СУ

Екипата на Металург без многу проблеми обезбеди лесна победа против Овче Поле СУ со 36:28 во натпревар од Женската лига од Групата Б.

Гостинките од Скопје уште во раната фаза од натпреварот го решија победникот и не му оставија на својот противник ни најмала надеж за евентуална надеж за бодови. По почетното водство од 3:0, ракометарките на Металург беа во предност од три до седум гола разлика. Добрата одбрана беше причина да имаат резултатска контрола и водство од 18:13 на полувреме.

Избраничките на Јулијана Дамчевска продолжија со посилно темпо во вторите 30 минути. Предводени од Гугуљанова, гостинките веќе имаа комотна предност од 28:20. Водството од осум разлика за екипата на Металург беше доволно да има мирна завршница, иако, во еден период попушти одбраната, па ракометарките на Овче Поле СУ со серија од 3:0 намалија на 24:29.

Во последните десет минути се зголемија грешките на домаќинките, а со тоа се зголемуваше предноста на Металург, кој рутински до последната секунда ја одработи задачата и од Свети Николе замина со три освоени бодови на свое конто.

Најефикасна на натпреварот беше ракометарката на Металург, Марија Гугуљанова со 13 погодоци. Во составот на Овче Поле СУ солиден натпревар одиграа Елена Вучевска со девет и Јована Конева со осум погодоци.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ12120036
2СТРУЖАНКА1270521
3ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1270521
4АСТИБО123099
5ДЕСПИНА123099