Грција, Романија и Израел обезбедија бараж за СП

Репрезентацијата на Грција обезбеди пласман во баражот за Светското првенство во 2023 година откако во четвртиот натпревар од групата славеше четврта победа надигрувајќи го Косово со 26:25 вторпат за три дена.

Грција одигра одлично полувреме и после првиот дел имаше добра предност од 14:9 пред продолжението. На почетокот на вторите 30 минути домашниот тим стигна до двоцифрена предност, но до крај забележа само минимален триумф.

Најефикасен во домашниот тим беше Каралампос Малиос со пет погодоци, додека во тимот на Косово се истакна Валон Дедај со шест гола.

Романија ја оствари втората победа во квалификациите откако ја совлада Молдавија со 33:23. После првиот дел Романците водеа со 18:15, а во продолжението доминантно стигнаа до втор триумф. Со оглед на тоа што квалификациите во оваа група се играа турнирски во баражот одат Романија и Израел.

Најефикасен во тимот на Романија беше Габриел Чумпаничи со пет гола, а по четири постигнаа Симицу и Јонита. Прв стрелец за Молдавија беше Роман Додича со осум гола.