Грците се прв ривал на Македонија, дојдоа со многу проблеми во Скопје

На ЕХФ шампионат за ракометари до 19 години кој почнува денеска, а се во Скопје првиот противник на нашате селекција е репрезентацијата на Грција.

Оваа репрезентација пристигна во Скопје подготвена на солидно ниво, а комплетниот тим беше на подготовки 15 дена пред почетокот на шампионатот. Прв ривал на Грците ќе им биде селекцијата на Полска, вечерва од 20:30 часот, а веќе утре ќе ги одмери силите со Македонија.

Сепак, подготвителниот период на Грција не помина без проблеми. Неколку клучни ракометари од минатите години на грчката селекција поради повреди ќе бидат надвор од тимот. Исто така играчите кои имаа поголеми проблеми со Ковид-19 се надвор од репрезентацијата, додека оние кои лесно ја поминаа болеста се вратија во составот.

Овој предизвик беше тешко да се надмине, но Грците успеаја да издржаат и да настапат на шампионатот. Грција ќе биде дел од групата А каде уште што ќе играат Македонија и Полска.