Гроздановска и Винтертур блиску до ТОП 3 пред плеј-офот

Екипата на Винтетур, каде што настапува ракометарката од Македонија, Симона Гроздановска славеше важна победа во шампионатот на Швајцарија.

Винтетрур на гостински терен против Херцогенбуше обезбеди триумф од три гола разлиа, 28:25.

Гроздановска беше меѓу најдобрите во својата екипа и во голот на домаќините имаше три реализации од пет обиди.

Тимот на Гроздановска со новата победа моментално се позиционираше на 3. позиција со 16 бода.

До крајот од регуларниот дел од швајцарскиот шампионат остануваат уште шест кола, така што Гроздановска и колешките се многу блиску до пласман меѓу најдобрите три екипи пред разигрувањето за титулата.