Гроздановска го носи Винтертур кон Европа

Годините за интернационалката од Македонија, Симона Гроздановска, не се никаква пречка да продолжи со одличната форма од претходните две сезони кога доминираше во шампионатот на Швајцарија.

Гроздановска, која има 35 години, сѐ уште е носител на играта во швајцарскиот суперлигаш Винтертур.

Македонката со девет погодоци го предводеше Винтертур до важна победа над Амичитија Цирих од 26:25 во најквалитетното швајцарско натпреварување.

Токму со победата над клубот од Цирих, екипата на Винтертур обезбеди настап во плеј-оф фазата и во полуфиналето за ривал го доби Брул. Со настапот во плеј-офот, клубот на Гроздановска ќе атакува на повторно учество на европска сцена.

Доколку Гроздановска и колешките го добијат полуфиналниот двобој, тогаш ќе се пласират во финалето и ќе имаат шанса да се борат за титулата.

Повремената репрезентативка на Македонија во сезона 2020/21 и 2021/22 беше прогласена за најдобар стрелец во Швајцарија.