Грецки за момент заборави на ракомет, беше чувар, заварувач, багерист… (ФОТО)

Ракометарот на Рајн Некар и репрезентативец на Германија, Патрик Грецки имаше несекојдневна можност да се проба во улога на неколку сосема поинакви професии.

Тој ја искористи паузата да покаже дека би бил корисен и на друго поле. Тој беше дел од тридневниот проект Хајделберг во Алтштатгасен под името „Практикант Патрик пакт“.

Грецки се најде во улога на историски ноќен чувар и сите сметаат дека униформата му стои одлично.

Се покажа добро и во улога на заварувач.

Третата задача му беше како багерист, па успеа да ја управува машината на одличен начин.