Гренланд фаворит за место на Мундијалот во Шпанија

Утринава заврши групната фаза од првенството на Северна Америка и Кариби, кое всушност е квалификациско за Светското првенство во Шпанија.

На првенството во Илиноис, САД, играат четири селекции (секој со секого) и на крајот Гренланд заврши прв со шест бода, Порторико е втор со четири, Мексико трет со два и последни се САД без бодови.

Според системот на натпреварување, за титулата шампион на Северна Америка и Кариби ќе се борат Гренланд и Порторико, додека за бронза ќе играат Мексико и САД во текот на утрешниот ден.

Aко Гренланд обезбеди место на СП во Шпанија, тоа ќе биде второ во историјата, по Мундијалот во Италија во 2001 година.