Граџан: Радува континуитетот, одличната партија е доказ за тимскиот дух

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Татран Прешов со убедливи 28-16 во регионалната СЕХА лига.

Избраниците на Жељко Бабиќ во ниту еден момент не му дозволија на ривалот да помисли дека може со позитивен резултат од Битола. Пикерот Елмир Граџан беше најдобар стрелец со седум гола.

„Ова беше тежок натпревар за нас, пред сè затоа што имавме доста повредени играчи. Добро се спремавме за Татран затоа што овој натпревар беше од големо значење за нас како би избегнале нов пораз во СЕХА лигата и на тој начин да си обезбедиме подобар пласман. Мислам дека успеавме во тоа. Радува овој добар континуитет на екипата сезонава. Одличната партија кажува за добар тимски дух во групата ракометари. Имаме голема можност и треба да го искористиме тоа“, изјави Граџан.

Следен предизвик за битолчани ќе биде гостувањето во Швајцарија кај Кадетен во Лигата на Европа.